Американците бираа претседател, а истовремено гласаа и за легализација на марихуана?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во американската сојузна држава Њу Џерси истовремено со претседателските избори, одржан е и референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснија и за легализацијата на марихуана.

На референдумот излегле повеќе од 50 отсто од избирачите, а за легализација гласале неполни 68 отсто.

Во САД се одржаа избори во кои кандидати за четиригодишен мандат во Белата куќа се актуелниот претседател и републиканец 74-годишниот Доналд Трамп и неговиот противник, некогашен потпретседател и демократ 77-годишниот Џозеф Џо Бајден.