Американците на „црниот петок“ потрошиле околу 11 милијарди долари на онлајн шопинг

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американците годинава на „црниот петок“ потрошиле околу 11 милијарди долари за онлајн купување, што е за 10,2 отсто повеќе од лани, покажуваат податоците на Adobe Analytics.

Компанијата наведува дека на црниот петок Американците најчесто купувале шминка, производи за нега на кожа и коса, како и Bluetooth звучници и машини за еспресо преку интернет.

Продажбата на играчки преку Интернет е зголемена за 622 отсто во однос на просечната дневна продажба во октомври, додека продажбата на накит е зголемена за 561 отсто, а на апарати за домаќинство за 476 отсто во однос на октомври, се наведува во соопштението за печатот, пренесе телевизијата АБЦ.