Анализа на Бизнис21: Откриен производ кој при увоз чини 100 денари, а граѓаните го плаќаат 170 денари во маркет!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчерашните одлуки на Владата за ограничување на маржите и утврдување највисоки цени се очекува да донесат олеснување за граѓаните. Но, патот до овие мерки беше долг и исполнет со бројни предизвици.

Во прилогот на „Бизнис 21“ ќе погледнеме како со месеци наназад преку изјави изгледаше борбата за намалување на цените на основните прехранбени производи. Владата често ги обвинуваше трговците, нарекувајќи ги „алчни“ и посочувајќи дека се богатат на грбот на граѓаните.

Сепак, додека траеше оваа реторика, цените во продавниците продолжија да растат вртоглаво, а Македонија стана неславен лидер во регионот со највисока инфлација.

Дали најновите мерки ќе ја вратат економската стабилност или ќе отворат нови прашања за слободниот пазар? Одговорите ги бараме вечерва на „Бизнис 21“ на ТВ21.