Според најновите официјални податоци на УЈП, околу 180.000 вработени во Македонија заработуваат плата помала од 450 евра (или 27.700 денари), што ја надминува сумата која синдикатите ја бараат како минимална плата.
380.000 работници пак имаат плата под просечната, која изнесува 41.500 денари.
Оваа статистика, која се однесува на исплатени плати и придонеси до септември оваа година, открива загрижувачки тренд на ниски примања во државата.
Токму за тоа, вечерва во „Бизнис21“ на ТВ21 анализираме како се движат минималните плати во регионот и како Македонија се споредува со другите земји.
Во продолжение целата анализа: