Анализа на ЕПИ: Оценките полоши од лани – Кацарска: Треба да работиме за членство до 2030, не само да зборуваме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За Македонија да може да стане земја членка на Европската унија до 2030 година, како што од власта оптимистички најавуваа, државата ќе мора да покаже сериозен реформски напредок, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, вели Симонида Кацарска од Институтот. Токму во овие области добивме најостри критики кои се дел од Поглавјето 23.

„Мислам дека е добро за целокупното општество да има датум до кој би требало да испорача, меѓутоа ќе мора многу повеќе да поработи на аспектите на реформите, како што и вели самата Комисија. Членството не зависи само од нас меѓутоа доколку се обидеме да работиме дел од овие работи би биле поспремни до 2030 наместо само да говориме за нив“, вели Симонида Кацарска.

Кацарска посочува дека реформите треба сериозно да се сфатат, а очекуваниот План за раст кој го објави Европската комисија е директно поврзан со тоа колку ќе има исполнување на овие реформи. Таа направи споредба и со другите земји од регионот.

„Ако погледенеме хоризонтално со останатите кандидати кои се 10 ние во подготвеноста стоиме сеуште многу добро, во областа на основит еи темелите , некаде и подобро од јнив, таа генерална оценка ни е сеуште висока , но оценките во изманатта година од изминатат година се други. Тоа што не загрижува дфека нема напредок во правосудството и борбата против корупцијата“, вели Симонида Кацарска.

Ако до минатата година во Извештаите бевме оценувани дема има одреден напредок, сега главно во голем дел од областите стои дека има или „ограничен“ или е оценето со „немање напредок“, се наведува во анализата на Институтот за европски политики.