Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, коментриајќи ја одлуката за прогласување на кризна состојба на територија на целата држава, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ уште во месец март барале прогласување на кризна состојба, но тогаш владата убедувала дека не е потребно тоа.
„Ние имавме барања почетокот на март да се прогласи веднаш кризна состојба за да се подигнат општествените капацитети, тогаш уште не знаевме со што се бориме. Тогаш од Владата бевме убедувани дека такво нешто не е потребно, една недела траеше тоа, за потоа да се отиде кон вонредна состојба. Тогаш можеше сите капацитети државни да се искористат како кризна состојба, а потоа да се оди во вонредна состојба ако состојбите го налагаа тоа знаете за да се купат картички за потпкуп на избори ама сега што недостасува е здравствениот менаџмент“, рече Андоновски.
Одговарајќи на критиките од страна на Андоновски, Богоевски истакна дека во моментот кога ВМРО ДПМНЕ барале воведување на кризна состојба немало потреба, бидејќи како што рече, тогаш капацитетите беа доволни.
„Во тој момнет немавме потреба. Јавното здравство беше доволно. Дали се сеќавате на наративите за израмнување на кривата, за превземање на мерки со цел да ја израмниме кривата, за да не дојде бројот на заболени толку нагло за јавното здравство не може да се справи. Разликата е тоа што сега здравствениот јавен систем нема капацитет да се справи со новите бројки, затоа сега се применува оваа мерка и затоа тогаш не била применета“, врати Богоевски.
Андоновски уште еднаш го повтори ставот на неговата партија, која бара оставка од страна на Заев и формирање на експертска влада која ќе може да се справи со здравствената, економската и надворешната политичка криза. На ова Богоевски додаде дека Заев веќе поднел оставка поради вакви причина, по што довербата повторно му беше дадена на последните парламентарни избори.
