Интензивни врнежи од дожд во Полошкиот регион: Вода на улиците, службите на терен!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, јавуваат од Центарот за управување со кризи.

Како што велат, ова довело до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

„Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата“, додаваат од ЦУК.