Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека и претходната Влада на СДСМ драстично ја зголемувала минималната плата, но на крајот изгубиле најдрастично во историјата.
Според него, искуството не покажува дека тоа е шанса за успех на избори.
„Претходната влада ја покачија веднаш платата од 10 на 12 илјади денари, па од 12 на 15 илјади денари, па од 15 на 18 илјади денари. Ја качија драстично минималната плата, но на крајот на краиштата изгубија најдрастично во историјата на СДСМ“, вели Ангелов.