Ангелов: Не постои хеликоптер кој гаси пожари ноќно време

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес конференција истакна дека не постои хеликоптер кој гаси пожари ноќно време.

„Во Европа не постои хеликоптер кој гаси ноќно време, ова е проверена информација“, посочи Ангелов.

Тој додава дека на хеликоптерите не може да се смета откако ќе се намали дневната светлина.

„Тие мораат безбедно да се вратат во база. Нив ги возат/управуваат луѓе, животите на тие луѓе нам ни се многу важни“, порача Ангелов.

Директорот вели дека над 37 степени температура на воздухот не е безбедно летањето со хеликоптери.