Ангелов: Старите возила многу помогнаа, српските хеликоптери заминаа кон Атина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Српските хеликоптери заминаа од Македонија, и се упатија кон Атина каде што ситуацијата е пресериозна. Ова го изјави Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК од Будимирци.

„Освен хеликоптерите, кои се лимитирани, а каде на помош ни дојдоа српски хеликоптери, тие денеска заминаа во Атина каде што ситуацијата е пресериозна, имаме голем број на пожарникари од Австрија и Словенија со одлична опрема и тренинг, и пожарникари од Бугарија. Дејствува еден романски авион, кој во овој момент гасне во скопскиот регион. за употребата на овој авион треба да бидат исполнети услови, односно не смее да има луѓе каде што фрла вода. И старите возила многу помогнаа. Можеби се стари тие возила, но и тие помогнаа, собираат доста вода“, рече Ангелов.