Ангеловски: Ова е моја последна прес конференција и последна активност во репрезентацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После Горан Пандев, и селекторот Игор Ангеловски се чини вечерва се збогуваше од националниот тим. Неговиот договор истекува на крајот на месецов.

„Ова е мојата последна прес-конференција. Мојот договор завршува на 31. јуни, и ова за мене е последен професионален ангажман“, рече Ангеловски на обраќањето на новинарите по мечот со Холандија.

Игор Ангеловски дојде на кормилото на Македонија пред 5,5 години, и успеа да ја однесе селекцијата на Европско првенство, што е најголем успех на македонскиот фудбал.