Ангеловски: Оваа победа се мери со успехот кога се пласиравме на Европско првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На прес-конференцијата по натпреварот, селекторот Игор Ангеловски беше пресреќен за победата, и ја спореди со онаа кога Македонија обезбеди пласман на Европско првенство. 

„Ја направивме горда Македонија, против четирикратен светски првак, четирикратен европски првак, 20 години без пораз во квалификации, кој друг ако не ние, ако не тие – фудбалерите. Радувај се Макеоднијо и слави ги овие херои. Оваа победа е нешто налик на пласманот на ЕП. Дојдов на овој собир, а мојата сопруга беше позитивна со тешки симптоми беше хоспитализирана во една болница, за среќа излезе пред два, и оваа победа е за неа лично и целиот медицински персонал, и моите деца тие се мојата најголема поддршка“, рече Ангеловски. 

Ангеловски истакна дека верувале во изненадување, и тоа се случило.  

„Секако како што кажавте една историска победа, Македонија никогаш не победила репрезентација со толкуи титули, репрезенатција од ваков тип. Јас неколку пати кажав дека верував во овие момци, и како цел го посавив тоа да победиме. Заедно со капитенот Пандев кој кажа дека се случуваат во фудбалот, но тие се случуваат ако веруваш и ако се бориш. Честитки за нив, јас сум среќен што работам со такви фудбалери. Да ги поздравам и оние што ме критикуваа, што ме омаловажуваа еве нека се радуваат“, изјави Ангеловски.