Англија со пресврт, Белгија се „протна“ во 1/8 финале со најдоцниот гол во историјата, САД ја елиминираше БиХ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Возбудливи и мечеви со неверојатни пресврти имаше синоќа на Светското првенство, во кое како победници излегоаа репрезентациите на Англија, Белгија и на САД.

Англичаните губеа на полувреме од Конго, но на крајот херој беше Хари Кејн кој постигна два гола, направи пресврт, и го однесе „Гордиот Албион“ во следната фаза.

Уште подраматично беше на дуелот помеѓу Сенегал и Белгија. Сенегалците имаа предност од 2-0 до 86-тата минута со головите на Диара и на Сар. Меѓутоа Лукаку најпрво намали, а потоа во 89. минута Тилеманс го однесе мечот во продолженија. Таму, во 125-тата минута од пенал Тилеманс ја однесе Белгија во 1/8 финалето. Инаку голот на Тилеманс беше најдоцниот гол во историјата на Мундијалите.

Во следната фаза оди и селекцијата на САД која со 2-0 ја совлада БиХ. Американците поведоа со голот на Балогун, но истиот играч потоа заработи црвен картон во 64. минута. Меѓутоа Тилман со гол од слободен удар во 82. минута ги реши сите дилеми, а БиХ не успеа да ја искористи предност од играч повеќе на теренот и да дојде барем до продолженија.

Англичаните сега одат на дуел против Мексико, Белгија и САД ќе играат меѓусебно во 1/8 финалето.

Вечерва од 21:00 часот играат Шпанија и Австрија.