Поминаа два месеци откако собранието почна со работа, но анти ковид-19 мерките кои се спроведуваат во законодавниот дом ја блокираа употребата на албанскиот јазик.
Пратениците Албанци додека зборуваат албански, може да се следат само преку телевизија, а на веб страната на собранискиот канал, само со превод.
Албанската опозиција во неколку наврати алармираше за ова ситуација на координациите меѓу координаторите на пратеничките групи и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Но, како што вели координаторот на пратеничката група на коалицијата „Сега е време“, Скендер Реџепи, одговорот на Џафери бил – Нема технички услови.
„Политичкото, дипломатското или нашето демократско вооружување како пратеници, е да нѐ слушнат граѓаните на јазикот на кој говориме, на начинот на кој ние им објаснуваме и пораките кои ги испраќаме. Преку преводот не може да се постигне ниту првото, ниту второто, ниту третото прашање. Затоа сметам и побаравме неколку пати на средбите за координации, заедно со претседателот за да се обезбеди посебен канал со цел медиумите да го земаат оригиналот материјал на јазикот на кој зборува пратеникот. Се образложија дека нема технички услови“, вели Реџепи.
Но, дали парламентарното мнозинство планира да ја подобри состојбата на албанскиот јазик во Собрание и истовремено да се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19?
Пратеничката на СДСМ, Ванчева, вети дека проблемот ќе се реши штом ќе бидат избрани потпретседателите на Собранието.
Реџепи алармираше дека албанскиот јазик не се спроведува ниту кога се доставуваат материјалите за предлог законите. Последниот случај, како што рече, бил предлог законот за задолжување.
„На пример јас вчера во рамките на седницата дебатирав и претседателот на Собранието не даде никаков одговор. Законот за задолжување на Северна Македонија, на македонски јазик има 12 страни, а на нас ни се преведени само 3. Значи ја преведуваат смислата што и во рамките на член 136 од Деловникот за работа на Собранието, не се објаснети точките кои треба да ги содржи еден закон.“, рече Реџепи.
За случајот за преносот на пленарните седници на македонски јазик, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека парламентот нема посебно студио за да обезбеди две фреквенции за снимање на седниците. Одговори и за обвинувањата дека не се преведуваат целите закони.
„Има нови закони, нема измени. Се преведува материјалниот дел за тоа што регулира новиот закон и образложението на крајот што регулира овој нов закон кој се донесува во Собрание. Јас не се согласувам дека Парламентот ја запоставува употребата на албанскиот јазик“, вели Џафери.
Новинарите не можат да ги следат ниту собраниските комисии бидејќи дозволен е влез на само една камера, а се емитува во доцните вечерни часови во собранискиот канал, кој исто така е на македонски јазик.
