Антикорупциска чека формирање нова Влада – стагнира иницијативата за одговорност од Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иницијативата за утврдување одговорност на министерот за здравство, Венко Филипче, кој на партиски собир дошол со службено возило, стагнираше. Државната комисија за спречување на корупција сѐ уште не го доставила барањето до Влада, бидејќи како што велат, чекаат да се формира новиот владин состав.   

Катица Николовска од Антикорупциска, вели дека иако Филипче се извинил и ненамерно ја направил грешката, сепак, како институција ќе бараат одговорност од новата Влада, која се очекува да биде формирана наскоро.

Инаку, на 7-ми јули ДКСК го прифати приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за министерот за здравство, Венко Филипче, бидејќи со возило на ресорното министерство преку ден службено бил во Штип, а потоа учествувал на партиската кампања на СДСМ.