Директорот на МИА, Драган Антоновски денеска во „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека има чувство дека политичарите ја добиваат битката во однос на новинарството.
„Речиси сите прават пресконференции, и новинарот кога сака да постави некое прашање кое е во интерес на јавноста, тие велат ‘а не, ова е тематска конференција, друг пат ќе се навратиме на тоа’. Никогаш нема да се вратат на тоа, и всушност они презентираат тоа што тие сакаат да го кажат“, вели Антоновски.
Според него, истото што јавноста не го знае е и моментот на прес конференциите каде се дозволени само 3 прашања.
„Велат има само три прашања, тие, ќе постави тој медиум, тој и тој, и толку, другите се статисти. Не можат да ги постават прашањата. И од надвор кога го гледате тоа, публиката вели што не прашаше нешто за ова…“, вели Антоновски.