Апасиев до Заев: Дали е вистина дека сте плаќале пратеници со 300 илјади евра? Заев: Срамота што си дозволувате вакво прашање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот и воедно лидер на Левица, Димитар Апасиев на седницата за пратенички прашања го праша премиерот Зоран Заев да одговори дали е вистина дека плаќал пратеници со 300 илјади евра.

„Дали е вистина или шпекулација тоа што после изборите од јули до конституирањето на парламентот сте направиле обид да купите пратеници преку стурмички пајташи за цена од 300 000 евра. Се работи за двајца пратеници од власта кои не се од СДСМ и тројца од опозицијата кои не се од ВМРО-ДПМНЕ“, праша Апасиев.

Одговор даде Заев дека тоа не е точно, и истакна дека е срамота што си дозволува вакво прашање.

„Негирам било каква инсинуација, срамота е што си дозволувате вакво прашање. Го минавте по рејтинг Мицкоски, ама изгледа сакате и мене да ме минете. Кроткичко, пополека. Не може ем да обвините ем да избегнете одговорност за обвинувањата. Лидер во опозиција вади докази и ги вади во јавноста“, рече Заев.