Владо Јовановски, 40-годишен маж од Скопје, се соочува со тешки животни предизвици откако во 2022 година бил нападнат од кучиња скитници. Последиците од нападот му го нарушиле здравјето, а сега му е потребна операција за да може да се движи барем со помош на патерици.
Неговата мајка, Снежана, секојдневно води битка за да му ги обезбеди потребните лекови, да плати кирија, сметки и да обезбеди храна. Снежана, со солзи во очите, споделува дека не може да работи со полно работно време бидејќи Владо има потреба од постојана грижа 24 часа дневно.
Семејството Јовановски апелира до сите хумани луѓе да помогнат да се соберат 2500 евра за неопходната операција, но и за трошоците за лекови, храна и основните животни потреби.
Сите хумани луѓе кои сакаат да му помогнат на ова семејство, тоа можат да го сторат на телефонскиот број 078 965 051 и жиросметката 300007075351435.