Апсење на поранешен војник на ОВК, реагираа ЕФ и ВРЕДИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Апсењето на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани ги натера да реагираат и политичките партии. Од Европскиот фронт обвинуваат дека Владата и коалицијата ВРЕДИ станале пиони на Србија, а за конкретниот случај велат дека можел да помине поперфидно.

-Сведоци сме, и оваа Влада која сега за жал ја игра играта на другите и станува пион на другите, пион на Србија. За жал, тие спроведуваат некои работи што можеше поперфидно да поминат и војниците на ОВК да можат слободно да се движат во РСМ иако не можат да се движат во Србија, вели Садула Дураку, пратеник на Европскиот фронт.

Според коалицијата ВРЕДИ, апсењето на Рамадани не е ни прво ни последно. Такви нешта се случувале и во минатото во други држави, велат од ВРЕДИ. Го спомнаа апсењето на Рамуш Харадинај во Франција и Фатмир Лимај во Словенија.

-Апсењето на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, е извршено според наредбите на меѓународната потерница издадена од Србија. Истиот случај се случи со Рамуш Харадинај во Франција и истиот случај се случи и со Фатмир Лимај, кој беше уапсен во Словенија. Односно 30 дена ги држеа во притвор колку што се сеќавам, но пак беа пуштени, вели Саранда Имери, пратеничка на ВРЕДИ.

Од ВРЕДИ велат дека се во постојана комуникација со косовските власти и со амбасадорот на Косово во Скопје и се посветени на конкретниот случај.