Директорот на Финансиска полиција Арафат Муаери бара од државниот обвинител да го преиспита работењето на Обвинителката за организиран криминал и корупција Русковска, поради неоснованиот претрес кој по нејзина наредба беше извршен во канцелариите на директорот Муареми.
По една недела откако обвинителството влезе во управата, директорот испрати соопштение преку кое го критикува начинот на кој било постапено. Во соопштението се вели дека на обвинителите од организиран криминал им бил овозможен непречен пристап и покрај тоа што во наредбата немало формално материјалните суштински основи за да биде издаден претрес.
Директорот на Управата Арафат Муареми вели дека доколку обвинителството побарало било каква документација тој ќе доставил без да се спроведе претрес, со што бил нарушен угледот на институцијата.
Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Русковска вели дека директорот немал потреба од претстваки ако работел законски. За неа е нејсано и зошто не поднел претставка и до судскиот совет.Од Државното обвинителството велат дека ја примиле претставката од Управата за финансова полиција и се преземаат дејствија за испитување на наводите по што ќе биде донесена соодветна одлука.Инаку претресот во финансовата полиција бил извршен по пријава на граѓани за наводно непостапување на институцијата.
