Арехолошките ископувања открија и ѕидови – Атанасовска: Можно е да се базилики, но рано е за заклучоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако пред само една недела се зборуваше само за гробници и плочата со натпис Дарданус, археолошките ископувања открија и други работи. Нивната форма најдобро ја прикажуваат снимките од горе, на кои се гледаат ѕидови од два различни објекти.

-Археолошките ископувања овде каде што пред една недела беше пронајдена една плоча со натпис Дарданус, продолжија и денеска. Од неколкудневните ископувања што се направени, сега некои елементи се гледаат појасно, односно ѕидови од објект кој сега за сега не се знае што може да биде и за што можел да служи-вели репортерката на ТВ21, Валмира Зендели.

Додека екипата на ТВ21 престојуваше во археолошката зона, дојде и археологот Вера Атанасовска. За ѕидовите, Атанасовска вели дека од првичните снимки личат на базилики од 4 или 5 век, но додава дека рано е за заклучоци во врска со типот на објектот. Ископувањата продолжуваат и дали објектите ќе останат овде или не, ќе се одлучи по завршување на ископувањата, од страна на комисија составена од 6 експерти.

Атанасовска додава дека ископувањата најверојатно ќе завршат за еден месец и тогаш точно ќе може да се каже што ќе се прави со објектот или ѕидот. Но, директорот Управата за заштита на културното наследство, Ариан Асланај во емисијата „Клик плус“ беше поодлучен на оваа тема.

„Да даде Господ да излезе нешто поголемо, градба, како габарит за да се стопира работата таму и да се прогласи заштитена зона и не само градежни работи туку ниту нож не смее таму да се зарие. Така вели законот.“, вели Асланај.

Археологот Атанасовска вели дека досега се најдени и други елементи за кои додава дека имаат археолошка важност.

Археолошките ископи на овој простор започнаа пред 1 година и повеќе, а според дадениот рок треба да завршат до 31 декември 2023 година.