Воените офицери во Мали синоќа ги уапсија претседателот, премиерот и министерот за одбрана на привремената влада.
Претседателот Бах Ндо, премиерот Моктар Уан и министерот за одбрана Солеимана Докур беа однесени во воената база Кати, во близина на главниот град Бамако.
Апсењата предизвикаа дополнителна несигурност за западноафриканската држава откако во август, кога беше симнат од власт претседателот Ибрахим Бубакар Кеита.
Ндо и Уан имаа задача да ја надгледуваат 18-месечната транзиција на власта која требаше да се врати во рацете на цивилите.
Апсењата се случија по објавувањето промени во владата, бидејќи двајца членови на воената хунта требаше да бидат заменети.
