Армијата прави монтажна болница во Куманово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Армијата помага во Куманово да се направи монтажна болница, поради напливот на пациенти со Ковид-19. Затоа е наредено итно да се направи модуларна болница, со цел да се зголеми капацитетот по новиот силен бран на коронавирусот.

–  Висока е бројката на хоспитализирани, со оглед на високиот број новозаразени лица. Вчера имаше 51, пред тој ден 70. Сите доаѓаат да се прегледаат на инфективно одделение. Оние со полесни симптоми се пуштаат на домашно лекување, но и тие се следат, оние со потешки симптоми се лекуваат на одделенијата, изјави д-р Снежана Захариева, директор на кумановската болница.

Во Куманово во моментов има слободни кревети на неколку други одделенија, но се превземаат активности за да се зголеми капацитетот. Како што напомена Захариева, проблем претставува недостастокот на кадар, што е проблем и во повеќето болници низ државава.

Фото: Алсат