Арсовска до Мицкоски: Разобличен си! – „Ваквите политичари се најголемото ѓубре!“ (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска на прес конференција вечерва му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е разобличен.

„Затоа што со бескрупулозноста, за евтини политички поени, сака да креира проблеми за граѓаните кои потоа сака да се претставува дека ги решава и дека ги расчистува. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое што овој град ги видел и ние вечерва ќе почнеме со чистење на ѓубрето, да ги чистиме и нив“, порача Арсовска.