Арсовска не го продолжува проектот на Шилегов? – Стопиран проектот за продолжување на булеварот „Словенија“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја стопираше јавната набавка за проектот кој предвидува продолжување на булеварот Словенија. Ова за ТВ21 го потврди координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева.

„Зошто е стопирана јавната набавка  за идејниот план за проширување на булеварот Словенија, екипата на ТВ21 неколку пати се  обиде да добие одговор и од Град Скопје. Побаравме одговор и во писмена форма и изјава, но од Град Скопје никогаш не одговорија“, истакна репортерката на ТВ21.

Побаравме одговор директно и од градоначалничката Данела Арсовска  но таа никогаш не одговори на повиците на ТВ21.

Инаку за првата фаза од овој проект со ребалансот на буџетот, Владата издвои 2 милиони ев ра.

 Целиот овој проект заедно со двата булевари Хасан Приштина и продолжувањето н  а булеварот Словенија беше кажано дека ќе заврши  за 2,2 години а проектот беше промовиран од екс градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, два месеца пред локалните избори.