Аналитичарот Петар Арсовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека зелената агенда на ДУИ е наивно да се толкува само кон екологијата.
„Тие имаат министер за екологија 11 години, не е новост дека ДУИ се префрлиле кон екологија или дека тоа била главната тема на нивното ребрендирање“, вели Арсовски.
На прашање на модераторот за тоа дали овој потег ќе го привлече вниманието и симпатиите на помладата популација, Арсовски вели дека тоа би се случило само доколку е искрен потегот за ребрендирање.
„Ако е искрен потегот за ребрендирање и се покажат дека ребрендирањето на партискиот наратив на ДУИ е кон сите граѓани и над етноцентричните теми тогаш да. Секое ребрендирање успева само ако е навистина ребрендирање. Ако навистина од тоа се почувствува некоја нова енергија или некаква нова политичка приказна“, додава Арсовски.
