Осуденик почина во затворот во Куманово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово е пронајден починат во Казнено-поправната установа Куманово – Затвор „К’шање“, а надлежните институции ја испитуваат причината за смртта.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 12:35 часот, кога во затворот било констатирано дека починал С.Ш. (27) од Куманово.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Институтот за судска медицина во Скопје, каде ќе биде извршена обдукција.

Од резултатите на обдукцијата ќе бидат утврдени точните причини за смртта, по што се очекуваат повеќе информации за случајот.