Асад: Бев во Дамаск до утрото на 8 декември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пребеганиот претседател на Сирија, Башар ал-Асад енеска изјави дека бил во Дамаск до утрото на 8 декември, денот кога бунтовниците предводени од групата Хахар Тахрир ал-Шам (ХТС) го зазеле главниот град и дека немал план да ја напушти земјата.

Асад во првата изјава по напуштањето на Сирија објавена на социјалните мрежи изјави дека во деновите кога опозициските сили напредувале од северот на Сирија кон Дамаск, немал намера да поднесе оставка и дека не размислувал да бара азил, пренесува Танјуг.

Тој објасни дека прво отишол од Дамаск во руската база Хмејмим во близина на крајбрежниот град Латакија, каде што дознал дека бунтовниците го зазеле Дамаск.

Тој додаде дека на неговата евакуација во Русија и претходела колапс на армијата и парализа на државните институции.