Атанасовски: Националистичкиот набој и енергија која се прелеа низ улиците ги стави во кондиција граѓаните да го зголемат учеството на овие избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во „Изборен Маратон“ на ТВ21, политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски вели дека „националистичкиот набој,националистичката енергија која се прелеа низ улиците од телевизиите и нивните водени кампањски реторики мислам дека граѓаните ги стави во кондиција да го зголемат своето учество на овие парламентарни избори“.

– Стравот и на едните и на другите гласачи од двете предвидени коалиции кои нивниот концепт морам да кажам со голем националистички набој особено во последните неколку денови па и седмици од официјалната кампања беше веќе создаден еден вид и на за жал, за моја лична жал и за огромен број од граѓаните на Македонија дури се користеше и воинствена реторика од двете условно кажано судрени страни од главната опозициска партија и главната доминантна етничко албанска политичка владејачка партија и тој судир на тие два концепти каде што не се бираа и зборови се употребуваа и воинствени реторики и да кажам националистичкиот набој, националистичката енергија која се прелеа низ улиците од телевизиите и нивните водени кампањски реторики мислам дека граѓаните ги стави во кондиција да го зголемат своето учество на овие парламентарни избори, вели Благојче Атанасовски на ТВ21.