Атанасовски: Воопшто ни под разно не е доведено прашањето дали ќе се исполни потребниот цензус од 40%

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во „Изборен Маратон“ на ТВ21, политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски вели дека „веќе воопшто ни под разно не е доведено прашањето дали ќе се исполни потребниот цензус од 40%“.

-Со оглед на тоа што од ДИК имаат дадено официјални податоци дека до 15 часот за претседател гласале околу 32% од избирачкиот список а како што знаеме сите потребниот цензус е 40% мислам дека веќе воопшто ни под разно не е доведено прашањето дали ќе се исполни потребниот цензус од 40% бидејќи остануваат уште од моментот од 15 часот до 19 часот кога се затвораат гласачките кутии уште четири часа согласно тенденциите во изминатите циклуси и на претседателски па и на парламентарни ако сакате и на локални избори би било рамно на чудо да не излезат уште осум, девет проценти од запишаните избирачи во единствениот избирачки список, вели Атанасовски.