Познатиот ТВ водител и натуралист отвори својот профил на Инстаграм во четвртокот, велејќи дека решил да ја искористи таа социјална мрежа за да му помогне на „светот во неволја“.
„Одлучив да го направам тој чекор, да истражам нова форма на комуникација затоа што, како што сите знаеме, светот е во неволја“, рече Атенборо во своето прво објавено видео.
„Континентите растат, глечерите се топат, коралните гребени умираат, рибите исчезнуваат од нашите океани. Тој список продолжува“, додаде тој.
„Но, знаеме што треба да се направи во врска со тоа. Во следните недели, ќе објавам пораки за да објаснам кои се проблемите и како можеме да ги решиме“, рече тој.
Со профилот управуваат продуцентите на неговиот неодамнешен филм „Животот на нашата планета“, кој ќе пристигне во кината следната недела, пренесува index.hr.
