Филмот „Медена земја“ освен што ни донесе награди, на пчеларите од Македонија им донесе поголема продажба. Одгледувачите на пчели велат дека актерката во филмот, Атиџе, со нејзината приказна предизвикала поголема заинтересираност кај граѓаните за мед.
Климата последниве години не работеше во корист на пчеларите. На пчелите им пречи прскањето на овошките со токсични супстанци за време на нивното цутење. Од Пчеларската федерација на Македонија велат дека кај нас медот се користи само како лек, а не како додаток во исхраната како што е пракса во другите земји. Граѓаните не треба да купуваат мед без етикета, апелира претседателот на Федерацијата.
Рош Демерего, специјалист за лекување на болести со медни производи, вели дека Македонија има висок потенцијал за производство на мед.
Ова беа дел од заклучоците од денешниот пчеларски симпозиум. Инаку, утре добро познатата Атиџе која одгледува пчели и произведува мед, ќе зачекори на црвениот тепих на доделувањето на наградите за „Оскар“ во Лос Анџелес. Документарецот „Медена земја“ е номиниран во две категории: најдобар документарец и најдобар странски филм