Главниот државен ревизор, Максим Ацевски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека надлежните институции не сакале да постапуваат по препораките на Државниот завод за ревизија.
Како што вели, се е алармантно во последните три извештаи.
„Сведоци сме дека постојано укажуваме за состојбите во делот на здравството. Постојано укажуваме за целите за одржлив развој меѓутоа очигледно дека или не сакаме или не знаеме да го направиме сето тоа. Ќе се надоврзам за една состојба во она што значи ковид пандемија, често пати ме прашуваат а зошто ни се случи тоа? Ни се случи тоа поради тоа што надлежните институции не сакаат да постапуваат на препораките од ДЗР“, вели Ацевски.
Како што додава дека тие пред 10 години имале извештај кој се однесува на подготвеноста на државата во услови на пандемија.
„Се што ни се случи за време на пандемијата, беше нотирано во конечниот ревизорски извештај на ДЗР. Ниту имаме доволно човечки ресурси, ниту имаме доволно опрема, ниту пак имаме доволно простор за карантин“, додава Ацевски.
