Авакс го „скенираше“ небото над Скопје – воздушниот простор на Македонија дел од системот на НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два  борбени авиони Ф16 полетаа од соседна Грција со цел да му помогнат на владиниот авион безбедно да се врати на аеродромот во Скопје. Групата авиони го прелетаа Скопје, околу  Водно  и се раздвоија давајќи му предност на владиниот авион. Прво слета владиниот авион, а потоа и борбените. Откако слетаа, авионите се паркира на цивилниот дел од аеродромот. Оваа вежба е дел од официјалното вклучување  на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање. 

„Борбените авиони имаат задача да остварат  визуелен контакт со владиниот авион и да му помогнат безбедно да се врати  на аеродромот Скопје. Групата авиони е веќе формирана и можеме да го видиме само сигналот од владиониот авион. Борбените авиони се во група со него. И следно е да започнат процедура на спуштање во Скопје“, посочи мајор Борис Настовски.

Гаранцијата за безбедноста на земјава не е само на земја, туку и на небо-порача Шеќеринска.

„НАТО заштитува, НАТО обединува и НАТО зацврстува. Денеска имавме можност да видиме како овие три цели на Алијансата се лучуваат и пред наши очи. Денеска можевме да видиме како Северна Македонија како 30та членка на НАТО е посилна и позаштитена“, вели Радмила Шекеринска.

Пошироката јавност имаше можност да се запознае со начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање, како и со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС. Беше демонстриран начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија на Меѓународниот аеродром Скопје и во воздушниот простор над главниот град.