Патнички авион на „Ер Индија експрес“ кој летал од Дубаи доживел несреќа при слетувањето на аеродромот „Кожикоде“ во Керала.
Имено, откако ја промашил пистата, авионот се преполовил на два дела.
Во авионот имало 174 патници, 10 деца, двајца пилоти и пет членови на посадата.
Според првичните информации од терен, најмалку три лица загинале, а по 60 од нив се трага.
Катастрофата се случила во услови на обилни врнежи од дожд.
Во тек е акцијата за спасување, а на повредените им се укажува помош, свои во објавата на индиската авиокомпанија.
