Авион се урна во море во близина на брегот на Хондурас, најмалку седум загинати, има и преживеани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион се урна во близина на карипскиот брег на Хондурас, неколку минути по полетувањето од островот Роатан, при што загинаа седум лица, додека 10 беа извлечени живи од остатоците.

Авионот Џетстрим, управуван од авиокомпанијата Ланса од Хондурас, превезувал 14 патници и тројца членови на екипажот, изјави министерот за транспорт на земјата, додавајќи дека остатоците се пронајдени на километар од брегот на островот.

Според дневникот на летот прикажан од локалните медиуми, меѓу патниците имало американски државјанин, француски државјанин и двајца малолетници. Авионот требаше да лета до аеродромот Ла Сеиба на копното на Хондурас.