Малолетник приведен во Охрид, при претрес пронајдени марихуана и дигитална вага

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Седумнаесетгодишник од Охрид е лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом и помошни простории пронашла марихуана и предмети поврзани со нејзино користење.

На 24 септември во 13:55 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле претрес со судска наредба од Основниот суд Охрид.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја, како и дробилка со остатоци од марихуана. При преглед на 17-годишникот, полицијата дополнително пронашла марихуана.

Малолетникот бил приведен во полициска станица, каде што со него бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставници од Центарот за социјални работи Охрид.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.