Авионско засејување вредно 975.000 евра – вчера прва интервенција, но градот сепак направил големи штети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред два – три денa, ги промовираа авионите вредни 975.000 евра, кои за време на град треба да помогнат за што помали штети врз земјоделските површини.

Но требаше долго време за да се покажат и во пракса.

„Ќе врши дејство врз градоносните облаци, со што се надеваме дека успешно ќе се справиме со оние облаци кои создаваат град  ќе ги намалиме значително штетите во земјоделството“, истакна Ивица Тодоровски.

Вчера Пелагонија ја зафати силно невреме, а УХМР веднаш алармирала по што еден авион веднаш тргнал во спречување на појавата.

Првото дејство било југозападно од Велес, а второто западно од Прилеп.

Но, колку тоа било успешно?

„Штетите се од 90 до 100%. Целосно, се е уништено. Ништо нема останато“, вели земјоделец.

Н: Сега како понатаму?

Земјоделец: Сега не знам. Расад друг нема. 100% е уништен. Тоа што е насадено е исто, 100% уништено, не знам, не знам како понатаму.

„Расадите се 99% уништени. Од овој расад ние не очекуваме повеќе да насадиме. Нема ни 10% кој би можел да го користеме“, посочи земјоделец.

При секој лет на авионот се врши и ваква GPS трага која е направена и во текот на вчерашниот лет. Користени се четири палки реагенс за прелетот кај Велес и шест палки над Пелагонија.

Од УХМР посочуваат дека,  доколку не беше дејствувано во текот на вчерашниот ден, појавата на град ќе беше од многу поголеми размери и штетата ќе беше многу поголема.