Австрија најверојатно ќе добие нова влада во следните неколку недели, а за прв пат од 1955 година ќе ја формираат три партии, ОВП, СПО и либералната НЕОС, пишува Ројтерс.
На парламентарните избори одржани на 29 септември најмногу гласови освои ФПО, екстремно десничарска партија.
Но, сите партии во Австрија веднаш одбија да соработуваат со нив, поради што претседателот на оваа земја Александар Ван дер Белен и го додели мандатот на втората по големина партија ОВП.
Конзервативците од оваа партија, имено Карл Нехамер , решија да разговараат со сите други партии, а изборот на крајот падна на социјалдемократите од СЈО и на либералите од НЕОС.
Финалните разговори ќе се одржат во следните неколку недели и според очекувањата нивниот договор треба да биде официјализиран до крајот на годината.
Да потсетиме, на парламентарните избори овие три партии освоија вкупно 110 мандати. Австрискиот парламент има вкупно 183 пратенички места, па оваа „тројка“ ќе има повеќе од удобно мнозинство. Екстремно десничарската ФПО и Зелените, кои беа во претходната влада со ОВП,
останаа во опозиција.