Австрија заврши како првопласирана пред Франција и Холандија во групата Д на ЕВРО 2024

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекцијата на Австрија, изненадувачки заврши како првопласирана во групата Д каде што уште се и Холандија и Франција. Трите селекции се пласираа во 1/8 финалето каде што ги чекаат своите противници.

Австрија со 3-2 ја совлада Холандија во интересен и крајно неизвесен меч во Берлин. Австрија водеше два пати, Холандија успеваше да се врати, но не и по третиот гол на Сабицер со кој и дефинитивно ја запечати судбината на „лалињата“.

Изненадување и на вториот меч во групата кој се играше во Дортмунд. Франција како голем фаворит не ја победи Полска, и играше само 1-1. Мбапе од пенал поведе, а Левандовски исто од белата точка донесе бод за Полјаците, кои беа елиминирани и пред ова коло.

Standings provided by Sofascore