Поради одбележувањето на државниот празник „8 Септември“ – Денот на независноста, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска сообраќаат по редуциран, односно неделен возен ред.
Отворени се само билетарницата и Центарот за персонализација кај Транспортниот центар, додека жичницата нема да работи.
Од ЈСП потсетуваат дека жичницата редовно не работи секој понеделник и секој последен вторник во месецот.
