Северна Македонија изгради автопати со Србија и Грција, но не и со Албанија и Косово. За ова вицепремиерот Артан Груби синоќа на „Клик Плус“ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ која, според него, намерно креирала неостварливи проекти со цел автопатите Скопје-Ќафасан и Скопје-Приштина да не можат да се изградат.
-Два проекти се направени за да не се остварат никогаш. Проектот за Коридор 8 Скопје-Ќафасан и проектот од Коридорот Скопје-Приштина. Направени се со опструкции и намерни саботажи. Чувани се во фиоки и изготвени со стотина проблеми за да не можат да се спроведат на терен.
-Замислете, во 2014, и во 2011 година се занимававме со Уставен суд кој го укина Законот за употреба на знамето или се занимаваше со амнестирањето на војниците на ОНА. Се занимававме со ВМРО кое имаше 61 пратеник или 63, кои заедно со тој естаблишмент, во институции намерно ги саботираа проектите како што е Кичево-Охрид.
-Излегува проектот, сега јас не сум инженер, добива одобрение од Градежен факултет, чудно како добил одобрение таков неостварлив проект. Излегува на терен, автопатот поминува низ село Драгомиште, го дели селото наполу, како сега да градиш автопат на сред Чаир.
ТВ21: Значи, ова подразбира дека ВМРО-ДПМНЕ ја играла играта на Муса Џафери, дизајнирајќи неостварливи проекти?
-Не му го направи ова на Муса Џафери, најпрво на државата, на Албанците и на сите други граѓани“.
ТВ21: Но, зошто сега тоа не ви го прават вам?
-Бидејќи се сменија околностите. Во моментов ние раководиме со ЈП за Државни патишта, ние го преземавме фокусот. Како да кажам, наутро, напладне, навечер за мене фокус е коридорот Скопје-Блаце. Нема да заспијам додека не се изгради тој пат. И сон ми е, и кошмар“, вели Груби.
-Добро е да се има соништа. И ние имаме свои, но кога ќе ви се обратиме, сѐ ни изгледа како сон, бидејќи ветувањата не се исполнуваат.
Груби додаде дека доколку работите се одвиваат во вистинска насока, градежните активности за Коридорот 8 ќе стартуваат во март следната година, а со тоа, како што додаде, ќе има доста работа за многу компании.
