„Автопилотот” на Тесла спречи сообраќајна несреќа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Автопилот технологијата на Tesla Motors веќе започна да се докажува на дело спречувајќи сигурна сообраќајна несреќа. На снимката направена во Сиетл јасно се гледа ситуација која скоро неизбежно доведува до судар. Според зборовите на возачот брзината била околу 70 километри на час, а автомобилот сé направил сам – тој не стигнал да ја допре педалата на кочницата, оти гледал од колоната од десно некој да не му излета.

Благодарение на напредната технологија, сензорите на Тесла автомобилот очигледно ја препознале опасноста, па автомобилот сопре и беше избегната сообраќајна несреќа.