Авторот на „Круна“ најави пауза во снимањето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Познатата ТВ-серија на Нетфликс – „Круна“ (The Crown), веројатно, ќе направи пауза од снимањето на својата шеста сезона, како знак на почит кон починатата британска кралица Елизабета Втора, објавија британските медиуми.

Серијата-драма на авторот Питер Морган се заснова на животот, владеењето и наследството на 96-годишната кралица која 70 години ѝ служеше на Велика Британија, како монарх со најдолга власт во историјата. Елизабета Втора почина вчера во својот замок Балморал во Шкотска.

„’Круна’ е љубовно писмо до неа и немам што да кажам повеќе во овој миг. Само тишина и почит“, објави Морган откако Бакингемската палата извести за смртта на кралицата. – „Очекувам и дека, од почит, ќе престанеме да снимаме некое време“, додаде потоа тој.

Претстојната, петта сезона од серијата треба да биде достапна на Нетфликс во ноември, според Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ.