Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, им врачи награди на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за придонес во регионалната бизнис интеграција, во рамки на посетата на хрватската делегација во Македонија.
Азески истакна дека признанијата се доделуваат за нивната поддршка на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и создавањето нови можности за бизнис-заедницата.
Тој посочи дека Пленковиќ дава значајна поддршка на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и на економските врски меѓу двете држави, додека Мицкоски активно работи на подобрување на инвестициската клима, инфраструктурната поврзаност и поддршката на приватниот сектор.
На бизнис средбата во Охрид присуствуваа и претставници на повеќе македонски компании, кои разговараа за продлабочување на соработката и нови деловни партнерства меѓу Македонија и Хрватска.
