Баба на 103 години го победи коронавирусот – Италија под клуч, први смртни случаи во Албанија и Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека Италија се бори со смртоносниот вирус, на истокот 103 годишната Жанг Гуангфен, е најстариот пациент кој се опорави од вирусот.

Да живееш во појава на коронавирус, бара трпеливост. Италијанците започнаа да се навикнуваат на живот под клуч од средата.

Редиците пред маркетите сега се честа слика, бидејќи одреден брј на луѓе може да ги напуштат домовите. Трпеливо се чека, еден метар секој од друг оддалечен.

„Не сум загрижен за снабдувањето со храна. Мислам дека властите ќе гарантираат барем храна и лекови и ќе ги одржуваат аптеките отворени. Властите треба да ги затворат сите други активности, како што тоа го правеа во други земји. Треба да останеме дома две недели и да сфаќаат дека само со тоа што не оставаме дома можеме да се вратиме во нормален живот“, вели Џузепе Фрато .

Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека до 70% од населението веројатно ќе биде заразено со коронавирус.

„Вирусот е таму, населението нема имунитет и не постои терапија, тогаш 60 до 70% од населението ќе биде заразено“, додава Ангела Меркел.

Во Шпанија, училиштата се затворија и беа прекинати неколку летови од Италија .

Во Азија ги дезинфицираат возовите на метрото, бидејќи Јужна Кореја објави скок во нови случаи на коронавирус.

Со вирусот заразена е и британската министерка за здравство, на јавноста и се обрати преку Твитер, со надеж дека најлошото поминало. Пред да биде тестирана, министерката била на прием кој го организирал Борис Џонсон.

Во Турција е потврден прв случајот со коронавирус. Министерството за здравство, објави дека заразата е рано потврдена и дека ширењето би требало да биде ограничено.

Во Србија се регистрирани 12 заразени случаи. Од Инфективната клиника велат дека зголемениот број на заразени е резултат на неодговорност, бидејќи сите нови случаи потекнуваат од ист извор.

Во Албанија и Бугарија се регистрирани и првите смрти случаеви, по што државите преземаат поголеми мерки за безбедност и смречување од ширење на овој смртоносен вирус.

Надвор од Кина, коронавирусот е регистриран во повеќе од 118 земји.