Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На седницата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на владејачката партија.
„Во рамки на седницата се разговараше за изработка на нова програма на Унијата на жени која ќе се базира на пет стратешки приоритети и ќе опфати конкретни активности, иницијативи и настани. Во однос на кадровите прашања, а со цел зајакнување на организациската поставеност, поголема вклученост на жените во политиката, како и отворање на простор за нови лица, нова енергија, нови идеи и иницијативи, Извршниот комитет донесе одлука за распишување на јавен повик за кандидирање на претседателски на Унијата на жени на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот кој што следи ќе биде објавен јавен повик за аплицирање за сите заинтересирани жени кои се членови на партијата и кои сакаат да преземат одговорност и да дадат свој придонесе за развој на Унијата на жени“, информираа од партијата..
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Унијата на жени останува отворена за секоја една жена што има визија, идеја и желба да придонесе за подобра и просперитетна Македонија.
