Џо Бајден треба да и се обрати на јавноста попладнево, во 17 часот по македонско време, а во 11 часот по Вашингтон.
Тој веќе ја коментираше победата на Трамп, но ова ќе биде негово прво јавно обраќање по објавувањето на резултатите.
Во својата изјава тој ја опиша Камала Харис како извонреден партнер и личност која длабоко ја цени.
Тој истакна дека Харис го презеде водството и водеше историска кампања која го олицетворува она што е можно кога се води од силен морален компас и јасна визија за нацијата.