Американскиот претседател Џо Бајден во неделата објави дека го помилувал својот син Хантер , кој чекал пресуда за случаи на нелегално поседување огнено оружје, лажни изјави при проверка на оружјето, за што претходно бил прогласен за виновен, како и за затајување данок, што го самиот призна.
„Денес потпишав помилување за мојот син Хантер“, рече тој во соопштението објавено од Белата куќа.
Иако Бајден претходно уверуваше дека нема да му даде претседателско помилување на неговиот 54-годишен син, зависник од дрога на лекување, кој стана мета на републиканците, вклучувајќи го и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, тој сега одлучи да го стори тоа.
„Ниту еден разумен човек кој ги разгледува фактите за случаите на Хантер не може да дојде до друг заклучок освен дека Хантер е издвоен само затоа што е мој син, а тоа е погрешно“, рече Бајден.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека помилувањето на Хантер Бајден е „злоупотреба и неуспех на правдата“.
„Дали помилувањето на Џо ги вклучува Хантер и заложниците Ј-6 кои се во затвор со години? Ова е грешка на правдата, напиша Трамп на социјалните мрежи.