Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост за неодамнешните избори во Грузија, на кои, како што наведе, имало злоупотреба на ресурси, принуда и заплашување на гласачите и ја повика владата во Тбилиси да ги истражи наводните нерегуларности.
„Парламентарните избори во Грузија на 26 октомври беа обележани со бројни забележани злоупотреби на административни ресурси, како и со заплашување и принуда на гласачите“, рече Бајден.
Тој ја повика грузиската влада „транспарентно да ги истражи сите изборни нерегуларности“ и да ги укине законите кои ја ограничуваат слободата на собирање и изразување, објави Ројтерс.